EnglishBulgarianGerman Formal - SieRomanianRussianSerbianМакедонски (Macedonian)Turkish

ОРАК ИНЖЕНЕРИНГ најиновативната компанија во Р. Бугарија, за втора година по ред

PDF Печати Е-пошта
Софија, 1-ви март, 2010 г.

         За втора година по ред ОРАК Инженеринг ја доби главната награда за иновативно претпријатие, коjа беше доделена денеска од страна на премиерот на Р. Бугариja Бојко Борисов, за време на официјалната церемонија на отворањето на шестиот национален иновационен форум во хотелот "Шератон" - Софиja. ОРАК Инженеринг учествуваше на конкурсот со две свои решенија - дел од кои е формиран во 2009г. иновативната бизнис платформа Орак R6.

       Платформата ОРАК R6 е софтверска технологија, насочена кон глобалниот свет на интернет услуги и online плаќање, дава можност на малиот и средниот бизнис да биде конкурентен низ светот и да има пристап до глобалните пазари. Платформата по нов начин ги поврзува  бизнис процесите на едно претпријатие со социјалните мрежи, интернет платениот промет и глобалните услуги.

     „Технологиите ни го променуваат начинот, со кој бизнисот ни ги наоѓа и задржува клиентите – тој е близу до нив -таму, каде што се чувствуваат нај добро – во интернет и социалните мрежи“, вели заменик директорот на ОРАК Инженеринг Георги Халачев. „Наградата ја примаме со номинација и доказ за талантот и потенцијалот на булгарскиот ИТ бизнис и улогата, што ја има како приоритет за развој на економијата на државата“, додава Халачев.

      На националното претставување на ORAK R6 за време на меѓународниот саем Пловдив 2009 истата платформа беше наградена со два златни медала. Престижната награда за Иновативно претпријатие на годината беше доделена само ден пред планираната светската промоција на софтвер платформи (02 .03. 2010г.) најголемиот светски саем за информатички технологии CEBIT Хановер-2010.   

          За Националниот иновациски форум:

        Националниот иновациски форум се организира за шести пат од страна на  фондацијата "Приложени истражувања и комуникации", Enterprise Europe Network – Булгарија, Министерството за економија, енергетика и туризам и Мисијата на Светската банка во Р.Булгарија. Минатата година  Орак Инженеринг  освои прво место во категоријата " мало предпријатие" (со персонал до 50 луѓе) .


Слики од наградувањето може да погледнете на:
http://www.orakgroup.com/bg/about-us/innovation-award-2010

 
Контакт | Услови за користење | Карта на сајтот | Работа во ОРАК |© 2010 ORAK Engeneering