EnglishBulgarianGerman Formal - SieRomanianRussianSerbianМакедонски (Macedonian)Turkish

ОРАК Хотел R5

PDF Печати Е-пошта

софтуер

 

ОРАК ХОТЕЛ  R5

Хотел Р5 е интегрирано софтверско бизнис решение за управување и контрола на хотелски комплекси, ланец на хотели и управување на сопственост (Property Management), кој е дел од бизнис платформата за управување Р5. Софтверскиот продукт ги вклучува модулите Рецепција, Резервации, Надворешно - трговски договори и Менаџер. Програмата е погодна за градски и туристички тип на хотел, поддржува секаква спецификација од дејноста и е доволно флексибилна за прилагодување спрема уникатниот стил на секој хотел.

  

 

 

 Клучни карактеристики:


  • Интеграција со надворешни уреди како што се системи за контрола на пристап, управување на климатски и противпожарни системи, чип карти.
  • Систем за внатрешно-кредитирање, лимитни карти, систем All inclusive, флексибилни попусти.
  • Моќен аналитички апарат и генератор на извештаи за добивање на неопходна информација; потполна менаџерска контрола за начините и нивоата на пристап до специјализираната информација во системот.
  •  Потполна информација за перспективната зафатеност на капацитетите на хотелот, во секој момент, по типови и по број.
  • Добивање на различни видови на документи: сметки, фактури, про-форми, кои се прилагодуваат според објектот, со различни начини на плаќање.
  • Договори за управување на сопственост (Property management).
  • Управување на СПА центри.
  • Далечинска контрола и пристап до генератор на извештаи во реално време преку интернет пристап.


Други функционалности:

Прилагодувања:

Типови на соби, архитектурна скица, индикатори во бои за типови на соби и нивниот статус, пресметување на услугите во секое време, неограничен број на договори со туроператори со неопходната информација за нив, основни цени во различни валити за тарифирање на сите типови соби, дефинирање на правата на пристап за различни нивоа, лозинки и корисници.

Тарифи:

Неограничен број на тарифи, тарифирање по сезони, неограничена смена на тарифата во секое време од престојот, тарифи по договор (можност за конкретна тарифа за секој договор за основни и дополнителни услуги), можност за задавање на попуст за секоја услуга.

Резервации:

Автоматски запис на датум, час и корисник кој ја направил резевацијата, резервација на определен број на соби од определен тип, резервирање на конкретни соби, преглед на резевирани соби за определен период, можност за предвремено задавање на податоци, можност за пренос на пари по резервација и депозити, можност за резервирање на различни типови соби за различни периоди во рамките на една резервација, извештаи за пристигнувања и напуштања за еден ден или период, потврдување на резервации, извештаи за резервираните соби за неограничен период однапред.

Сместување:

Сместување на индивидуални гости и групи, адресни карти со сите барани полиња (за МВР), печатење на адресни карти, автоматско сместување врз база на претходна резервација, автоматско бришење на резервацијата при сместување, продолжување на престој, преместување на гостинот, промена на тарифата во секое време на престојот, извештај за гостите по соби, престои и догобори, регистар на домашни и странски гости по барањата на МВР.

Сметки и каса:

Пресметки за услуги, групни сметки, депозити, префрлување на сметки, различни типови на плаќање, плаќање во различни валути, определување на лимит, сторно операции, издавање на фактури, пребарување и автоматско пополнување на податоци за фактури на редовни клиенти, напуштање на гостин со неуредни сметки, извештаи за користените услуги погости, групи, периоди и друго, извештаи за издадени сметки, извештаи за бројот на сметки за даден период, извештај за пуштени дневни финансови извештаи, повторно печатење на сметка, издавање на сметка на веќе заминат гостин, извештаи за пристигнувања и заминувања за денот.

Историја на гостинот:

Автоматско поплнување на податоците на гости кои веќе биел трисутни тука, архив на користените услуги и плаќања, памтење на услугата на веќе заминат гостин, внесување на дополнителна информација на гостин.

Други можности:

Врска со фискален принтер од секое работно место, врска со телефонска централа, врска со систем за контрола на пристап, врска со уред за запис на магнетни карти, системза интерно хотелско кредитирање.

 

 

 

Препорака за продуктот:

 
 ред неколку години, кога почнавме со работа со специјализираниот хотелски софтвер на ОРАК, ние прифативме  предизвик за работа со иновативно решение, ново за бугарскиот пазар. Благодарение на софтверот, сепак и ползотворното ни бизнис партнерство, сме во чекор со трендовите и понатаму ќе продолжиме да го развиваме заедно нашиот бизнис."
 
   Љубмила Маждракова

Сврзете се со нас Online !

LiveZilla Live Help

Бюлетин

Абонирайте се за бюлетин
Име (*)
Please type your full name.
E-mail (*)
Invalid email address.
Хотел (*)
Invalid Input


Invalid Input
Въведете показаните символи Въведете показаните символи
Invalid Input
  

Запитване за продукта:

Име (*)
Please type your full name.
E-mail (*)
Invalid email address.
Номер (*)
Invalid Input
Message
Invalid Input
Enter showed symbols Enter showed symbols
Invalid Input
  

Свържете се с нас по телефона

0888 227 300  


Контакт | Услови за користење | Карта на сајтот | Работа во ОРАК |© 2010 ORAK Engeneering